Вести Свет Топ вести

Зеленски: Постигнат е договор за размена на воени заробеници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски  изјави дека преговарачките тимови се согласиле за уште една размена на затвореници во блиска иднина.

Ќе има значаен чекор: Очекуваме размена на воени заробеници во блиска иднина. Заробениците мора да бидат вратени дома. Генерално, ставот на Украина е многу јасен: војната мора  навистина да заврши. Русија мора да биде подготвена за ова, изјави Зеленски.

Ова доаѓа во време кога претставниците од Москва и Киев се состанаа во Абу Даби  на уште една рунда разговори посредувани од САД за ставање крај на речиси четиригодишната војна, откако руски напад со касетна муниција уби седум луѓе на пазар во Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Владимир Путин го испочитувал договорот за привремен прекин на нападите, додека Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва за кршење на договорите.

И покрај дипломатските напори, клучното несогласување останува барањето на Русија, Украина да се откаже од делови од Донбас. Разговорите продолжуваат и денеска.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе