Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека преговарачките тимови се согласиле за уште една размена на затвореници во блиска иднина.
–Ќе има значаен чекор: Очекуваме размена на воени заробеници во блиска иднина. Заробениците мора да бидат вратени дома. Генерално, ставот на Украина е многу јасен: војната мора навистина да заврши. Русија мора да биде подготвена за ова, изјави Зеленски.
Ова доаѓа во време кога претставниците од Москва и Киев се состанаа во Абу Даби на уште една рунда разговори посредувани од САД за ставање крај на речиси четиригодишната војна, откако руски напад со касетна муниција уби седум луѓе на пазар во Украина.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Владимир Путин го испочитувал договорот за привремен прекин на нападите, додека Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва за кршење на договорите.
И покрај дипломатските напори, клучното несогласување останува барањето на Русија, Украина да се откаже од делови од Донбас. Разговорите продолжуваат и денеска.
