Вести Македонија Топ вести

(видео)Ристовска треба да си даде оставка за да може Антикорупциска да се рехабилитира, рече Салаи во Топ Тема

Дали е компромитиран составот и дали воопшто треба да продолжи да работи Антикорупциска во овој состав?, на ова прашење во вечерашната Топ Тема дебатираат со Снежана Камиловска Трповска – МЦМС и Шемси Салаи поранешен антикорупционер. Дали Антикорупциска ќе бараше Ристовска како член на ДКСК да се изземе? Како ќе делуваше комисијата во случајот со директорот на АНБ?

  • „Порано ДКСК беше не екипирана, ние го изгинавме и нивото кое требаше наредните да го почитуваат и усовршуваат. Но, со новиот состав и при самиот избор ете имаше интервју но, немаше оценување па вие можете да зборувате слободно, се покажа дека наместо да се борат со корупција тие сами се со сомнеж за одредени прекршувања“, рече Салаи.

Според него тие лица требаше од самиот почеток да си дадат оставка и да ги остават другите да работат, бидејќи со самото одолговлекување, претседателката да си даде оставка, но ве меѓувреме падна довербата кај граѓаните во антикорупциската.

„Покрај претседателката за членот на комисијата за кого се отворени два предмети денеска, треба да даде оставка за да може комисијата во овој период кој останал да се рехабилитира“, рече во Топ Тема, Салаи.

  • „Ние зборуваме за конкретен случај, Антикорупциска е колективно тело со седум члена кои одлучуваат, но основата на ДКСК е превенција од корупција. Хипотетички и да е така и да не може да се утврдат одредени факти дека е сторено или не некакво законско прекршување- ДКСК имаше можност со изминатиот период да каже „во ред дајте да ги видиме процедурите“ како тоа се случило да дојдеме во ситуација лицето да ги помине административните проверки. Затоа што пред одредено физичко лице да дојде да биде ставено на дневен ред на гласање, требало некој да провери дали тој сертификат е во ред. Како се проверува тоа административно. Тоа ем превентивен механизам тоа нешто на што може и треба да делува ДКСК“, истакна Снежана Камиловска Трповска – МЦМС.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Муцунски на Дубровник форум: Со новата легитимна влада во Софија постои можност за разговор за отворените прашања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе