Дали е компромитиран составот и дали воопшто треба да продолжи да работи Антикорупциска во овој состав?, на ова прашење во вечерашната Топ Тема дебатираат со Снежана Камиловска Трповска – МЦМС и Шемси Салаи поранешен антикорупционер. Дали Антикорупциска ќе бараше Ристовска како член на ДКСК да се изземе? Како ќе делуваше комисијата во случајот со директорот на АНБ?
- „Порано ДКСК беше не екипирана, ние го изгинавме и нивото кое требаше наредните да го почитуваат и усовршуваат. Но, со новиот состав и при самиот избор ете имаше интервју но, немаше оценување па вие можете да зборувате слободно, се покажа дека наместо да се борат со корупција тие сами се со сомнеж за одредени прекршувања“, рече Салаи.
Според него тие лица требаше од самиот почеток да си дадат оставка и да ги остават другите да работат, бидејќи со самото одолговлекување, претседателката да си даде оставка, но ве меѓувреме падна довербата кај граѓаните во антикорупциската.
„Покрај претседателката за членот на комисијата за кого се отворени два предмети денеска, треба да даде оставка за да може комисијата во овој период кој останал да се рехабилитира“, рече во Топ Тема, Салаи.
- „Ние зборуваме за конкретен случај, Антикорупциска е колективно тело со седум члена кои одлучуваат, но основата на ДКСК е превенција од корупција. Хипотетички и да е така и да не може да се утврдат одредени факти дека е сторено или не некакво законско прекршување- ДКСК имаше можност со изминатиот период да каже „во ред дајте да ги видиме процедурите“ како тоа се случило да дојдеме во ситуација лицето да ги помине административните проверки. Затоа што пред одредено физичко лице да дојде да биде ставено на дневен ред на гласање, требало некој да провери дали тој сертификат е во ред. Како се проверува тоа административно. Тоа ем превентивен механизам тоа нешто на што може и треба да делува ДКСК“, истакна Снежана Камиловска Трповска – МЦМС.
Б.С.
