Вести Свет

Трамп предупреди дека би било „опасно“ за Обединетото Кралство да работи со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека би било „опасно“ за Обединетото Кралство да работи со Кина, додека британскиот премиер Кир Стармер се движи кон зајакнување на економските врски со Пекинг на последниот ден од неговата посета.

Британскиот премиер вчера се сретна со кинескиот претседател Шји Џјинпинг залагајќи се за „пософистициран“ однос меѓу двете земји. На новинарско прашање за напорите на Велика Британија да ги зајакне економските врски со Кина, Трамп изрази неодобрување.

Па, многу е опасно за нив да го прават тоа, а мислам дека е уште поопасно за Канада да влегува во бизнис со Кина, рече тој и додаде дека Канада стои „лошо“ и порача дека „не може да се гледа на Кина како на одговор“.

Канадскиот премиер Марк Карни ја посети Кина претходно во јануари, при што двете земји бараа поблиски економски врски и постигнаа прелиминарен договор за намалување на царините за одредени стоки. Трамп подоцна и се закани на Канада со царина од 100 проценти на извозот доколку Отава влезе во договор за слободна трговија со Кина, но Карни негираше такви планови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Одбележана 78 годишнината од прогонството на децата Македонци од егејскиот дел на Македонија – споменикот во Скопје вандализиран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе