Во Охрид на повеќе локации со години се граделе куќи и хотели без дозволи и без да се плати надоместок за уредување на градежно земјиште. Иако во 20 населени места воопшто немало урбанистички планови, градежните работи си оделе без пречки, па дури и во заштитени подрачја. Ова го утврдиле државните ревизори во извештајот за 2024-та година. Констатирале дека илјадници дивоградби, а некои и во националниот парк „Галичица“ и на крајбрежјето, и покрај тоа што добиле решенија дека не можат да се легализираат, сепак не биле преземени мерки истите да бидат отстранети.
„За бесправните објекти кои не ги исполнуваат условите за издавање на урбанистичка согласност донесени се 4.847 решенија за одбивање, но не се преземени мерки истите да бидат отстранети иако овластените градежни инспектори за период од 2019 – 2024 година издале 456 правосилни управни акти за нелегални градби“, велат од ДЗР.
Ревизијата утврдила и дека патишта, канализации и друга инфраструктура се граделе без дозволи, без проектна документација и без решени имотно правни односи, иако за тие проекти биле потрошени над 49 милиони денари јавни пари. За овие неправилности констатирани од државниот завод за ревизија првиот човек на Охрид е нејасна затоа што општината има десетици населени места за кои нема урбанистички план.. Одобренија не се издавани освен за реконструкции, а за уривање ниту една фирма не се јавува на огласот на општината..
„Тоа се дивоградби кои се регистрирани и се дел од регистерот кој што беше задолжение или препораки и мерки од страна на УНЕСКО, за да го направиме ние како општина заедно со министерството сите тие се евидентирани. Еден од проблемите кои што локалните самоуправи не зборувам само за Охрид туку и сите го имаат а тоа се успешни тендери за рушење на дивоградби кои што за жал во мојот четири годишен мандат три години воопшто не се појавуваше, односно по два пати беа реобјавуваше и не се пријавуваше никој, така да како заеднички став на ЗЕЛС како дел од управниот одбор .. насоката не општините е декс државата сериозно треба во соработка со општините на оваа тема да поработи. Не сме постапувале само по рушењето, а по однос на другите постапки во однос на контролни записници, поднесени поднесоци до обвинителство сето тоа е завршено и за тоа немаме забелешка, така да најголем проблем е интересот на фирмите кои се јавуваат на тендерот за рушење на дивоградбите, и не само во Охрид туку насекаде“, вели Кирил Пецаков градоначалник на општина Охрид. Сите овие наоди, според ДЗР, укажуваат на сериозен системски проблем во управувањето со јавните пари и просторот во општината. Тие дале препораки, а одговорноста и понатамошните чекори се на надлежните институции, додаваат оттаму.
Симона Петровска
Б.С.
