Вести Македонија Топ вести

Меѓу „историски успех“ и обвинувања за скриена агенда – најави за големи проекти по форумот во Давос, политички полемики дома

„Историски успешно“ – вака премиерот Христијан Мицкоски го опиша своето учество на три панели со светската бизнис-елита и компании чија вредност се мери во трилиони. Најави дека разговорите од форумските маси во Давос наскоро ќе се претворат во големи енергетски и инфраструктурни проекти.

Како конкретен чекор, на маса се Чебрен, Галиште и Бошков Мост, инвестиции од околу две милијарди евра кои во следните 7 до 10 години треба да отклучат дел од 400-те милијарди потенцијал што ѝ стои на државата секоја година. Се разгледувале и можностите во делот на вештачката интелигенција, дигиталното општество и дата-центрите.

Претседателот на Владата вели дека имал средби и со државници присутни во Давос, но без детали.

  • „Јас не бев статист таму или по ходници да барам селфи со учесниците на Давос туку бев активен учесник на три панели и морам да кажам, штета што не можеме да ги објавиме моите говори, но сите беа проследени со аплауз од страна на присутните. Нашата меѓународна активност дали е изолирана или не – гледаат граѓаните, тие се тие коишто кажуваат на избори и тие се тие што го даваат својот глас. Можам само да кажам дека времето на дипломатија на свиткана кичма и снисходливост на црвените дебели килими помина“, изјави премиерот Христијан Мицкоски. 

Пред два дена, социјалдемократите остро го критикуваа настапот на македонската делегација во Давос. Ја обвинија власта за економски и инвестициски неуспех, наспроти поширок политички проект насочен кон преземање контрола врз клучни стратешки сектори, како телекомуникациите.

  • „Дипломатската изолација на Мицкоски се покажа во Давос. Премиерот немаше ниту една средба со светски или европски лидер. Се снимаше по ходници и тераше туризам на сметка на граѓаните“, велат од СДСМ. 

Околу односите со опозицијата и отворените прашања, премиерот Мицкоски денеска остана воздржан и без конкретен став за повлекувањето на поддршката од опозицијата од албанскиот блок, за Законот за прекршоци. Околу можноста за средба со лидерот на ДУИ, Ахмети, премиерот вели – „ќе се случи некогаш“.

Петар Догов

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Одбележана 78 годишнината од прогонството на децата Македонци од егејскиот дел на Македонија – споменикот во Скопје вандализиран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе