Во Уставниот суд формирани се два предмета по поднесени иницијативи во кои се оспорени измени на Законот за прекршоци за реализација на проектот „Безбеден град“.
Подносителите на едната иницијатива Зиадин Села, Илире Даути, Елми Азири наведуваат дека за нив е спорно што со овој проект се наметнува законска обврска на сите граѓани да имаат личен телефонски број, електронска адреса за да се остварат комуникациите и да се биде достапен при евентуална порака за прекршок.
За другиот подносител на иницијативата Или Пачуку е спорно тоа што овој систем се применува само на територијата на градовите Скопје, Куманово и Тетово.
