Вести Македонија Топ вести

Враќање на довербата меѓу приоритетите на новиот Народен правобранител

Фатон Селами седнува во шест месеци празната фотелја на народниот правобранител. Вети ќе работи професионално, дека ќе биде посветен на граѓаните. Меѓу приоритетите ги наведе враќање на довербата и кадровско доекипирање на институцијата.

„Институцијата кадровски е преполовена, а нè очекува избор на осум заменици на народниот правобранител. Имам информација дека постои Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за народниот правобранител, кој ќе треба да го видиме уште еднаш со стручните служби и во соработка со Собранието во најбрз рок да ги поминеме тие законски измени“, најави Фатон Селами, народен правобранител.

Во новиот закон за народен правобранител, кој првично заглави поради немањето Бадентер во Собранието, Селами го гледа и решението за недостатокот на слух кај институциите кои не ги почитуваат препораките на Обудсманот.

„Сега единствена алатка ни се медиумите. Со препораки, со јавен укор и во соработка со медиумите. Мислам дека ќе треба во законските измени да има и прекршочни одредби, доколку со друг начин не може да се почитуваат препораките на народниот правобранител“, истакна Селами.  

Селами влегува во институција која треба да ги заштитува човековите права, но истовремено се соочува и со недостаток на финансии. За буџетот за годинава од институцијата бараале 2,5 милиони евра, а одобрени им се 1,6 милиони евра.

Селами е дипломиран правник, магистер по правни науки со положен правосуден и нотарски испит . Тој бил советник од редовите на партијата Алтернатива во минатиот состав на тетовскиот општински совет. Десет години работел во институцијата на чие чело е сега, година и пол бил државен секретар во министерстовто за правда во време на владата предводена од Заев, а бил и раководител во подрачното одделение на министерството за правда во Тетово.

Во петокот собранието го избра Селами со 89 гласа „за“ и 6 „против“. Од пратениците што припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство, 20 пратеници беа „за“, а осум гласаа „против“.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата уште во јули минатата година го предложи Фатон Селами за наследник на Насер Зибер, кој замина во пензија.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 3 степени во Тетово и Гостивар

Дејан Дејан

Шасивари министер за правда, Сулејмани за култура – кои се предлозите на Влен за нови министри

Дејан Дејан

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе