Литванскиот претседател Гитанас Науседа во неделата во Вилнус го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во официјална посета на Литванија. Разговорите се фокусирани на безбедносната состојба во регионот, поддршката за Украина и зајакнувањето на соработката меѓу сојузничките земји.
Во рамки на посетата, Науседа и Зеленски се очекува да одржат и заедничка средба со полскиот претседател Карол Навроцки, во форматот „Лублински триаголник“, кој ги обединува Литванија, Полска и Украина.
Претседателот Зеленски и неговата сопруга Олена Зеленска ќе присуствуваат и на настани по повод одбележувањето на годишнината од Јануарското востание од 1863 година, кога полските, а потоа и литванските востаници се кренале против власта на Руската Империја.
