Вести Македонија Топ вести

Опозицијата побара враќање на стариот член 353 од КЗ што самите го укинаа, власта одби, имаат свои измени

Опозицијата побара враќање на стариот член 353 од Кривичниот законик, кој самите го укинаа во 2023 година. Сметаат дека вреди да се врати на сила затоа што, кога со делото настанала значителна штета не се дава лимит на горната казна, која може да биде и 20 години затвор и тоа да ја отежни можноста за застарување на делото.Обвинија и дека, во новата предложена измена на законот во членот 353-в се брише ставот 5, во кој се регулирани службените или одговорни лица како министри и директори именувани од владата.

Мнозинството тврди дека сегашното решение е изработено по терк на ЕУ. Опозицијата обвини и дека, во делот на јавните набавки, се стеснува описот на делото и се декриминализираат одредени поведенија. Од Левица бараа и заострување на казнената политика за кривичните дела сторени од страна на лица кои вршат јавни функции. Сметаат дека, со измените што се предлагаат – и понатаму системски се овозможува неказнивост на високи функционери.

За пратениците од владејачкото мнозинство овие амандмани се театар. Законот е поднесен по решението на Уставниот суд од февруари минатата година со кое му беше даден рок на Собранието да ги смени спорните одредби од 2023 година, за да се спречи евентуалната правна празнина откако рокот беше пробиен. Во Министерството за правда се подготвува нов закон.

Tенденцијата на предлог-измените во законот е да се заостри казнената политика преку зголемување на постојните пропишани казни за кривичните дела злоупотреба на службената положба и овластувањето од член 353,како и злосторничко здружување од член 394.
Се воведува и ново кривично дело – инкриминирање на злоупотребата на туѓа снимка и фотографија со сексуално експлицитна содржина.Опфатена е и одредбата за проширена конфискација а семејно насилство ќе се гони по службена должност.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбележана 78 годишнината од прогонството на децата Македонци од егејскиот дел на Македонија – споменикот во Скопје вандализиран

Дејан Дејан

Уапсен маж осомничен за убиство на поранешната сопруга – уште еден фемицид во црните статистики

Дејан Дејан

Отчет на ВРЕДИ критики од ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе