Вести Македонија Топ вести

Радев повеќе не е претседател, Илијана Јотова застанува на чело на Бугарија

Румен Радев повеќе не е претседател на Бугарија. Уставниот суд едногласно му ја потврди оставката, со што овластувањата како претседател му завршуваат денеска. Со ова, на чело на бугарската држава застанува досегашната потпретседателка, Илијана Јотова, која што ќе биде и првата жена претседател на Бугарија. Мандатот на Јотова треба да и заврши идниот јануари.

Радев во обраќањето во понеделникот образложи дека оставката ја дава за да влезе во трка за извршната власт и да се спротивстави олигархијата која, според него, управува со државата.

Одлуката на Радев доаѓа во пресрет на предвремените избори во Бугарија, откако владата Росен Жељазков, на коалицијата ГЕРБ и Унијата на демократски сили, си поднесе оставка во декември. Јотова сега ја презема обврската да именува технички премиер и да ги закаже предвремените избори, за кои некои од партиите побараа да се одржат на крајот од март.

Радев кој важи за застапник на проруската политика во Бугарија, познат е и по многу тврдата позиција на темата „Македонија“.

Според универзитетскиот професор Александар Спасеновски, кој гостуваше во „Вин – Вин“, новата политичка реланост која се создава во Бугарија со оставката на Радев и негово влегувањето во трка за премиерска функција, за Македонија ќе значи и намалување на динамиката за решавање на евроинтеграциите.

  • „Имајќи ги во предвид неговите лични позиции околу македонското прашање и ставовите на државата во однос на барањата на Република Бугарија сметам дека ќе настапи период на многу порестриктивно толкување и многу порестриктивен пристап на официјална Софија кон начинот на којшто официјално Скопје или Република Македонија, настојува да ги толкува, да ги интерпретира или да ги исполни, но притоа и да се заштити кога станува збор за барањата од Софија“, рече Спасеновски во синоќешната емисија „Вин – Вин“.

За експертите по уставно право во Бугарија, Радев ќе нема време да формира партија за самостојно да учествува на изборите, поради што ќе мора да формира коалиција со други партии. Политиколозите пак сметаат дека од влегувањето на Радев во изборна трка најмногу штета ќе имаат опозициските партии, бидејќи без оглед што Радев најави дека целта му се неопределените гласови, се очекува одлив на гласовите да има и од опозицијата.

Тамара Грнчароска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 66-годишна возраст

Дејан Дејан

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе