Вести Свет

ЕК започна истрага за арбитражна пресуда со која Бугарија треба да плати отштета на компанија од Малта

Европската комисија отвори истрага за да процени дали арбитражна одлука со која на Бугарија ѝ е наложено да ѝ исплати надомест за штета на малтешката компанија АЦФ е во согласност со правилата на ЕУ за државна помош.

Со арбитражната одлука, донесена во јануари 2024 година, се оценува дека Бугарија го прекршила Договорот за енергетската повелба со тоа што во три наврати, во 2013, 2014 и 2015 година, ја изменила воспоставената шема за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори и се налага на АЦФ да ѝ биде исплатен надомест за загубите поради овие измени во износ од 61,04 милиони евра плус камата, објави Миа.

Арбитражата е покрената на иницијатива на АЦФ, која во 2012 година инвестирала во секторот за обновлива енергија во Бугарија со купување соларна фотоволтаична електрана и добила поддршка врз основа на шемата воспоставена во 2011 година. Но, со измените на шемата поддршката што ја добила малтешката компанија била помала од првично предвидената, поради што таа покренала постапка против Бугарија.

По добиената арбитражна пресуда, согласно правилата за државна помош, Бугарија ја известила Комисијата за нејзината содржина, но до сега не и исплатила никаков надомест на АЦФ.

Прелиминарниот став на Европската комисија е дека евентуална исплата на средствата на АЦФ согласно арбитражната пресуда, врз основа на член 107 став 1 од Договорот за функционирање на ЕУ би се третирало како „државна помош“, што е некомпатибилно со правилата на внатрешниот пазар.

– Комисијата дополнително ќе ја испита мерката и нејзината компатибилност со внатрешниот пазар, а особено евентуалното кршење на договорите на ЕУ со неа, соопшти ЕК.

Согласно правилата на ЕУ, забрането е исплата на државна помош на компании, освен со одобрение на Еврокомисијата, која треба да процени дали таа е компатибилна со функционирањето на внатрешниот пазар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Марија Ангеловска ја доби наградата „Енхалон“, а Лју Јуе „In vino veritas“ на Струшките вечери на поезијата

Дејан Дејан

Сега е моментот за проширување и да сум на ваше место би ја искористил оваа можност, литванскиот министер за надворешни работи со порака до Македонија

Дејан Дејан

Десетици цивили убиени во пакистански воздушни напади во Авганистан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе