Сите државни патишта во земјава се проодни и безбедни за сообраќај, информира Министерството за транспорт. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува зголемена внимателност при возење.
Од ЈП „Македонија пат“ посочуваат дека екипите се целосно ангажирани на терен, со расположлива механизација и работна сила, и континуирано се врши расчистување на снегот.
Активностите се координирани со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт. Надлежните апелираат на задолжителна употреба на зимска опрема, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината кон условите на патиштата. Координираните активности, како што наведуваат, ќе продолжат и во наредниот период.
