Вести Македонија Најважни

Видео: Снегот повторно „изненади“- Скопјани заглавени чекаат по еден час во автомобилите и доцнат на работа

Во Скопје сообраќајот се одвива исклучително бавно наместа е блокиран. До граѓаните се апелира на внимателно возење, задолжителна зимска опрема и одложување на патувањата каде е можно.

Граѓаните на социјалните мрежи реагираат дека чекаат во место во своите возила еден час и 20 минути и се уште не се пристигнати на работа. Автобус со патници се излизга во Козле.

Несекојдневна глетка е и како човек ползи на пешачки премин во Скопје со цел безбедно да ја премине улицата без да падне.

Други пак велат инстутициите повторно ги изненади снегот во јануари.

Спортивно на жителите на Скопје, градоначалникот Ѓоргиевски вели дека се работи на терен и дека подготвеноста е нивна обрвска, а безбедноста на граѓаните приоритет.

Додека пред еден час граѓани постираа видеа од автопатот Велес-Скопје и апелираат да се излезе на терен брзо и да интервенира. По што од 9.16 часот целосно беше затворен сообраќајот на наплатната станица Отовица на патниот правец Велес – Скопје поради расчистување на снегот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Забраната важи за сите видови возила. Дополнително, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.

Од друга страна од министертсвото за транспорт велат дека сите патни правци се проодни и сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози. Сите патни правци каде што паѓа снег континуирано се чистат со координирани активности на ЈП „Македонијапат“ во соработка со Министерството за транспорт.

Како што информираат од Министерството за транспорт, екипите на ЈП „Македонијапат“ се целосно екипирани и со цела механизација и работна сила на терен вршат континуирано чистење на државните патишта.

Се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.

-Во текот на целиот ден остануваме на терен со цел што понепречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од Министерството за транспорт.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Центарци останаа без електрична енергија поради испад на трафостаница

Дејан Дејан

Препораки од Институтот за јавно здравје за заштита од топлото време – носете лесна облека и пијте многу вода

Igor Trajkov

Александар и Мартина годинашни младенци на „Галичка свадба 2026“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе