Судството е уставна категорија, судиите се бираат доживотно, освен ако не направат некоја потешка дисциплинска повреда, некакво кривично дело, па да се разрешат. Значи, го имаат целото право и основа да делуваат. Што се случи, што самите судии едноставно придонесоа да падне довербата на два посто, рече Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Од друга страна, неказнивоста е меѓу врвните фактори кои што генерираат корупција. А неказнивоста произлегува токму од работењето на овој сектор. Значи, за да ја решиме корупцијата во државата во овој сектор е исто како да решаваме рубикова коцкичка, ама со спротивно решение“, вели Ивановска.
С.Д.
