Со 7 гласа „за“, 2 „против“ и 2 „воздржани“ Анел Фидоски е новиот шеф на скопското обвинителство. Има 11 годишно искуство како обвинител, а предмети водле познати за јавноста се за смртта на малата Тамара каде Фидовски го преквлификуваше делото со што застаре но и Тенковски дeлови кој исто така застаре. Тој ја работи и на предистрагата за Усје по кривичната пријава од екс градоначалничката Данела Арсовска.
Два гласа помалку доби досегашниот шеф на обвинителството Гаврил Бубевски. Иако петмина кандидати беа пријавени на огласот, дел од членовите разменија аргументи само за Бубевски и Фидовски, дел само гласаа. Светлана Стојковиќ и Ермон Незири го поддржаа Бубевски поради досегашната успешна работа и но и програмата според која обвинителството во неговиот мандат ја зголемило конфискацијата и транспарентноста формирало истражен центар а најавил и дигитализација.
Фидоски не дал програма, но поддршката од Марјана Илиевска и Ардијан Демири ја добил поради интервјуто па оценија дека поседува интегритет, визија за соверемени прекатики и раздвижување на работата на обвинителството. Кети Петкова пак оцени дека под палката на Бубевски обвинителството не било доволно ефикасно и немало доволна соработка со МВР.
В.Д. државната обивнителка Анита Тополова Исајловска гласаше позитивно единствено за Фидовски. Својот став не го образложи ниту на седницата ниту пред медиумите кои ги одмина.
Претседателот на советот Башким Бесими гласаше за Фидовски, а воздржано за Бубевски
Фактички, избраниот кандидат на интервјуто покажа добри резултати, поради што членовите оценија дека треба да му се даде шанса и сега му ја дадовме таа шанса,
Недоволно гласови добија и останатие тројца кандидати Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.
На денешната седница, Советот за нов шеф на тетовското основното јавно обвинителство досегашниот шеф Бесир Алиу кој беше и единствен кандидат. Советот формираше и комисија од тројца члена по известувањето од обвинителката Ленче Ристоска која бара Советот да донесе заклучок дека премиерот Мицкоски ја нарушил нејзината самостојност во работата. Мицкоски во интервју ја нарекува „медиокритет“ и потврдно одговара на констатацијата дека станува збор за „клиентелистичко-политичка мартица“, а на барањерто да и се извини од владата одговорија дека не ја спомнал со име и презиме и се чудеа како се прпознала. Таа ги води случаите Талир 1” и „Талир 2” поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, поради што неговите изјави ги доживува како несоодветен притисок врз работата.
Елена Иваноска Мукоска
Дигитална обработка: T.Д.
