Вести Македонија Најважни

Приведени 8-9 лица, меѓу нив и поранешна пратеничка, правеле поврат на ДДВ за мито – OJO-ГОКК го чешла УЈП

Државни даночници, раководителка на градско одделение, поранешен управник, осум или девет вработени вкупно во управата за јавни приходи (УЈП) паднаа во акцијата на обвинителството за гонење на организиран криминал. Засега неофицијално, но извесно е дека оваа група се здружила и на различни фирми и барала мито за да им обезбеди поврат на данокот на добивка.

Една од приведените е поранешна пратеничка, а сега вработена во УЈП, а дел од крими шемата е и позната фирма за трговија со деривати и во сопственост на бензински пумпи. Обвинителите со поддршка на полицијата во 13 часот упаднале во УЈП, за да приберат документација, но и да приведат осомничени за кои од поодамна се водела истрага.

Кој сè е вмешан во даночни злоупотреби во поедини предмети за правни субјекти засега е недостапна информација во истрагата. Официјално и од УЈП и од ОЈО ГОКК е дека „под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава и се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери“, информираат од обвинителството, од каде најавуваат повеќе информации за утрешниот ден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судир на ставови за новата дозвола на „Титан УСЈЕ“ – граѓаните со критики, институциите во одбрана

Sasko Dimovski

Се прават пресеци, се гасне на земја и од воздух, една куќа во Бучиште изгоре, неколку се опожарени – беснеат пожари во Штип и Пробиштип

Sasko Dimovski

МВР поднесе кривична пријава за „насилство врз дете“ за прободениот малолетник во Ченто

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе