Во повеќе импровизирани креветчиња надвор од градинката во холандски Гресен, десетици дечиња се оставени да спијат надвор како дел од специјална програма за поздрави деца. Дечињата надвор спијат со капчиња и ракавици, а негувателките велат дека поздраво спијат.
„Од научни студии знаеме дека децата подобро спијат надвор и често спијат подолго. Ова доаѓа од скандинавските држави каде често се случува детско спиење надвор“, вели Марија Хопман, професорка по психологија на Универзитет Радбоуд.
Во градинката велат дека со спиење надвор, децата вдишуваат повеќе воздух и се „полнат“ со витамин Д со дневната светлост во темните холандски зими.
View this post on Instagram
