Саудиска Арабија планира да отвори две нови продавници за алкохол, меѓу кои едната ќе служи за немуслиманскиот, странски персонал на државниот нафтен гигант Арамко, додека кралството и натаму ги ублажува ограничувањата, изјавија извори запознати со плановите за „Ројтерс“.
Едното продажно место се планира во источната провинција Дахран, второто ќе биде за дипломати во пристанишниот град Џеда. Тие би биле пресвртница во напорите на престолонаследникот Мохамед бин Салман за отворање на земјата. Се очекува двете продавници да бидат отворени во 2026 година, но никакви временски рамки не се објавени.
Без коментар засега е прес-службата на владата, како и нафтениот гигант Арамко.
Лани беше отворена продавница за алкохол за немуслиманските дипломати во главниот град Ријад, што беше прво такво место по воведување на забраната пред 73 години.
