Вести Свет

Сите го мразеа Варуфакис, пишува поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во своите мемоари

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во тукушто објавените мемоари жестоко ги критикуваше неговиот поранешен министер за финансии Јанис Варуфакис и против тогашниот германски министер за финансии Волфганг Шојбле.

Наречена Итака, во очигледен обид да направи паралела помеѓу неговите обиди да ја извади Грција од должничката криза со Хомеровата Одисеја, Ципрас во неговите мемоари се обидува да фрли ново светло врз неговата политичка кариера која беше обликувана и во крајна сметка и извалкана од грчката должничка криза, за чие решавање беше изгласан од Грците во 2015 година.

Ципрас и партијата Сириза која ја предводеше станаа контроверзни во европските кругови во 2015 година кога за време на неколку месечните тензични преговори со европските кредитори се чинеше дека тој заедно со неговиот министер за финансии радикалниот левичар Варуфакис ќе ја извадат Грција од еврозоната.

Поранешниот грчки премиер во повеќе наврати пишува дека спроведувањето на т.н Грекзит никогаш не бил во план на неговата влада, но во текот на преговорите произлегол како сериозен ризик, пред се поради планот кој го подготвил Шојбле за да се спречи грчките фискални проблеми да ја урнисаат заедничката европска валута.

Според Ципрас, главен виновник за таквиот потег на Шојбле бил токму Варуфакис, кој поради својот конфронтирачки пристап успеал да го предизвика гневот на сите, како во Европа така и во министерството со кое раководел.

Варуфакис од вредна личност стана главен негативец. Не само што нашите сојузници не можеа да го поднесат, туку не го поднесуваа ниту неговите колеги, пишува Ципрас.

Капката која ја прелила чашата, според мемоарите на Ципрас, била „Планот Б“ кој Варуфакис му го предложил, а тоа било создавање паралелна валута со воведувањето ваучери.

Наместо да им даваме пари на пензионерите и вработените, ние ќе им издаваме ваучери со кои ќе можат да купуваат храна и услуги, ми рече Варуфакис. Кога го слушнав тоа не знаев дали да плачам или да се смеам. На крајот само го прашав: Дали си сериозен, пишува Ципрас во книгата.

Ципрас исто така ги опишува и обидите на неговата влада да добие финансиска помош од Русија. На состанок со Путин во Кремљ, во јули 2015, Ципрас му предложил на рускиот претседател да инвестира 200 – 300 милиони евра во грчки обврзници.

„Путин рече дека парите попрво би ги дал на сиропиталиште, затоа што давањето пари на Грција е како фрлање пари во ѓубре, пишува Ципрас. „Ми предложи дека најдобро е да постигнеме договор со Европејците, особено со германската канцеларка Ангела Меркел.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Доцова по средбата со Гаши: Потребно е да се направат уставни измени

Дејан Дејан

Буџетскиот дефицит се зголемува за 110 милиони евра

Дејан Дејан

Мицкоски го информирал НАТО за објавена дипломатска нота

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе