Вести Македонија

Безживотно тело на 42-годишен тетовец најдено во близина на селото Нераште

Тетовската полиција информира дека попладнево околу 16 часот е најдено безживното тело на 42-годишник од Тетово, кој бил пријавен од сопругата дека од вчера во 18 часот излегол од дома и не се јавувал на телефон. Со соопштението на СВР Тетово се наведува дека на стакло од возилото во кое е најден 42-годишник има дупка од испукан куршум и постои првично сомневање дека е застрелан.

Случајот рано утринава во 2 часот во СВР Тетово го пријавила 33-годишната сопруга Б.Б. (33). Таа пријавила дека вчера околу 18 часот нејзиниот сопруг А.Б. (42) се оддаличил од домот со патничко со моторно возило „Ауди“ со тетовски регистерски таблици и не се јавувал на телефонските повици.

„Денеска околу 16:15 часот во ниви атар на село Нераште полициски службеници од Полициско одделение Теарце забележале паркирано возило „Ауди Q5″ со тетовски регистерски таблици. Внатре во возилото е забележано е машко лице кое не давало знаци на живот. На возачкото стакло имало отвор од испукан проектил и лицето во пределот на главата бил облеан во крв со првично сомневање е дека лицето било застрелано со огнено оружје“, соопшти СВР Тетово.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по увидот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово било потврдено дека се работи за А.Б. од Тетово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Доцова по средбата со Гаши: Потребно е да се направат уставни измени

Дејан Дејан

Буџетскиот дефицит се зголемува за 110 милиони евра

Дејан Дејан

Мицкоски го информирал НАТО за објавена дипломатска нота

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе