Во ниту еден сектор во здравството, немаме човечки капацитети што треба да ги имаме според стандардите на Светската здравствена организација и на ЕУ, значи буквално никаде, нагласи Азир Алиу, министер за здравство, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Вториот момент, реорганизацијата што ја планираме во примарното здравство, треба да даде одговор на овој момент. На пример, во моментот, ние имаме 15.529 доктори од кои 14.940 се лиценцирани доктори, додека 599 се во фаза на релиценцирање или некои од нив, едноставно, не сака повеќе да работи како доктор. Како и да е, тие 599 ги следиме. Овој регистар на здравствени ресурси ќе биде поврзан со централната база на министерството и моментално работиме овој регистар да биде алатка преку која понатаму ќе организираме, креираме и менаџираме политики во здравството, базирани на оваа алатка“, истакна Алиу.
С.Д.
