Вести Свет

Американскиот мировен план за Украина е намален од 28 на 19 точки, објавува Фајненшл тајмс

Мировниот предлог на САД за завршување на војната во Украина е намален од првичните 28 точки на 19, објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите. Кои наводно не кажаа кои елементи од мировниот план се отстранети.

Откако американските и украинските делегации вчера се состанаа во Женева, двете страни објавија напредок во напорите за завршување на војната со Русија, но не дадоа детали за тоа како ќе се решат некои длабоки разлики меѓу Москва и Киев.

Во разговор со новинарите по еднодневните разговори со украинските и европските претставници, американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека е постигнат огромен напредок.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска излезе со кус коментар за преговоруте во Женева.

Дали е навистина можно да се постигне голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина??? Не верувајте додека не го видите, но можеби се случува нешто добро, објави тој утринава на својата социјална мрежа Truth Social.

Пред разговорите, европските лидери изразија загриженост за делови од планот, вклучувајќи ги и барањата кои се однесуваа на санкциите против Москва и замрзнатите руски суверени средства, за кои тврдеа дека ЕУ треба да одлучи.

Лидерите на ЕУ денеска разговараа за напредокот од Женева и одлучија за тоа како најдобро да се продолжи, изјавија претставници вклучени во подготовките.

Меѓутоа, како што рече Рубио, конечниот текст на договорот ќе треба да биде одобрен од украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп пред да биде испратен во Москва.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Доцова по средбата со Гаши: Потребно е да се направат уставни измени

Дејан Дејан

Буџетскиот дефицит се зголемува за 110 милиони евра

Дејан Дејан

Мицкоски го информирал НАТО за објавена дипломатска нота

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе