Подобрување на образованието во Македонија на сите нивоа е предвидно во новата Стратегија за образованието 2026-2032 година која утре, како што информираат од Министерството за образование и наука (МОН), ќе биде ставена на ЕНЕР.
Стратегијата предвидува реформи во предучилишното образование, во основното и средното образование, меѓу другото и воведување на едносменска работа. Планирана е нова концепција и за гимназиско и стручно образование, нов модел на државна матура, а за високото образование нова законска регулатива.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска вели дека во првите две години, Стратегијата ќе биде насочена кон целите кои Македонија треба да ги исполни, согласно Планот за раст на Западен Балкан, усвоен од Европската унија.
