Вести Економија Топ вести

ЕСМ во плик ја испорача новата цена на струјата до Владата – ќе има ли поскапување?

ЕСМ ја достави новата цена на струјата до Владата, која треба да одлучи дали предлогот на електрани  е прифатлива или не. Во моментов компанијата  електирчната енергија за домаќинствата ја продаваат по 62 евра за мегават час. Дали ќе оди над овој износ допрва ќе се носи одлука. Тендерот на ЕВН ХОУМ на кој ЕСМ треба да ја достави понудата за новата цена ќе биде објавен во четврток.

Инаку, во моментов поризводната цена на ЕСМ е далеку повисока од онаа по која ја продава струјата за домаќинставта и малите потрошувачи.

Заклучно со септември загибите на ЕСМ се над 90 милиони евра, за потрошени се над 60 милиони евра за набавка на електирчна енергија. Па останува да се види колку овие набавки ќе влијаат на новата цена на електричната енергија.

До крајот на месецов пак Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе и нова цена за пренос и дистрибуција на струја ставка која е во фактурите за електрична енергија кои ги плаќаат домаќинствата. Но, првичните прогнози на регулаторот Бислимовски беа дека тука не се очекуваат некакви промени.

Сепак,  какви сметки ќе плаќаат граѓаните по Нова година најмногу зависи од цената која ќе ја понуди ЕСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наследникот на балансерот пред пратениците – Почна дебатата за Закон за соодветна и правична застапеност

Дејан Дејан

ЕСЧП: Оправдано поништените помилувањата на Иванов- биле без валидна законска основа

Дејан Дејан

Реформската агенда во фокус: Власта уверува дека има напредок, опозицијата алармира за застој и изолација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе