Вести Најважни Свет

САД и Украина се договорија за изменет нацрт на мировниот план

САД и Украина постигнаа напредок во мировните разговори во Женева, договарајќи „ажурирана и прецизирана рамка“ за понатамошни интензивни преговори.

Американскиот државен секретар Марко Рубио оцени дека е направен „огромен напредок“, иако конечниот договор сè уште зависи од одлуките на претседателите на двете земји.

Планот предизвикува реакции во Киев и Европа, бидејќи предвидува повлекување на украинските сили од делови на Донецк, како и фактичко признавање на руската контрола врз Донецк, Луганск и Крим.

Предложени се и замрзнување на фронтот во Херсон и Запорижја, ограничување на украинската армија и откажување од членство во НАТО. Документот предвидува и можност за враќање на Русија во глобалната економија и групата Г7.

Трамп тврдеше дека планот не е „финална понуда“, додека Рубио останува оптимист дека договор може да биде постигнат наскоро.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски

Sasko Dimovski

Наследникот на балансерот пред пратениците – Почна дебатата за Закон за соодветна и правична застапеност

Дејан Дејан

ЕСЧП: Оправдано поништените помилувањата на Иванов- биле без валидна законска основа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе