Вести Македонија Топ вести

Почина градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски

Почина градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски. Причините за смртта засега не се објавени.

Илиевски беше позната политичка фигура во Општина Брвеница, каде што ја водеше локалната институција во последните години. Тој беше оженет и татко на две полнолетни деца.

Неговата кариера беше поделена меѓу здравството, локалната политика и спортскиот менаџмент.

Од 1999 година до ноември 2021 година беше вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово. Од 11 ноември 2021 година беше избран за градоначалник на Општина Брвеница за периодот 2021–2025 година. Претходно, во периодот од 2013 година до 2017 година беше член на Советот на Општина Брвеница.

Како голем вљубеник, беше активно вклучен во областа на спортот, беше поддржувач на голем број спортски настани и даваше големи придонеси во спортот.

Од 2001 до 2013 година учесвуваше во младите категории во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), а од 2013 година до 2021 година беше член во младата репрезентација до 21 година (У21).

Од средината на 2021 година беше член во А-репрезентацијата. Исто така, од 2016 година па сè дотогаш беше потпретседател на Фудбалскиот сојуз Тетово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе