Вести Економија Свет Топ вести

Одржан итен состанок за санкционираната Нафтена индустрија на Србија – одговор од САД се очекува утре или задутре

По состанокот со тимовите одговорни за енергетската стабилност и безбедност на земјата српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека биле разгледани актуелните предизвици и биле донесени важни заклучоци со цел да се заштитат интересите на Србија и да се обезбеди безбедно и сигурно снабдување на економијата, пренесува агенцијата Анадолу.

  • „Продолжуваме да работиме одговорно, сериозно и посветено, со целосно разбирање на сложените околности во кои се наоѓа цела Европа“, рече Вучиќ во објава на Инстаграм.

Како што изјави, Србија доследно ќе спроведува мерки што ја штитат нејзината енергетска безбедност и долгорочните национални интереси.

Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ изјави по состанокот дека одговор од САД во врска со работата на санкционираната Нафтена индустрија на Србија (НИС) се очекува утре или задутре. Таа рече дека граѓаните не треба да се грижат и дека ќе има доволно од сите деривати.

  • „Важно е што е понуден излез на руската сопственост од НИС, дека овие разговори се во тек, дека ова е потврдено на американската администрација, и сега тие треба да донесат одлука дали, во меѓувреме, додека се во тек овие разговори, нафтената индустрија ќе може да продолжи да работи непречено, што беше наше барање“, изјави таа пред новинарите во српското претседателство.

„Продолжуваме со интензивните дипломатски разговори“, рече таа, наведувајќи дека очекуваат нови вести во следните 24 до 48 часа.

Министерството за финансии на САД на 10 јануари одлучи да воведе санкции врз рускиот енергетски сектор, насочени кон нафтените гиганти Газпром Нефт и Сургутнефтегаз, како и повеќе од 180 бродови, трговци со нафта, осигурителни компании и службеници.

НИС беше меѓу оние на кои им беа наметнати санкции, а Вашингтон се обиде дополнително да ги ограничи руските приходи и финансирањето на воените напори во Украина, објавува N1.

Примената на санкциите врз НИС беше одложена седум пати пред да стапат во сила на 9 октомври.

Руските сопственици на НИС се согласија да го продадат својот удел од 56,15 проценти, потврди Ѓедовиќ Хандановиќ пред три дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

До каде се ветените средства за споменикот на 63-те загинати- прашање на родителите од Здружението „16-ти март“

Дејан Дејан

УХМР: Невреме со пороен дожд и засилен ветар во Гевгелија и Штип, се движи кон југоисток

Sasko Dimovski

Почина градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе