„Нашите тимови сега се вратија во своите соби додека работиме на некои од предлозите што ни беа понудени, па затоа работиме на тоа да направиме некои промени, некои прилагодувања, со надеж дека дополнително ќе ги стесниме разликите“, рече Рубио.
- „Мислам дека ова е многу, многу значаен, би рекол веројатно најдобриот состанок и ден што го имавме досега во целиот овој процес, почнувајќи од времето кога првпат стапивме на функција во јануари“, додаде Рубио.
Пред состаноците со Рубио, врвните европски и украински претставници се состанаа во Женева денеска.
Предходно, шефот на кабинетот на Зеленски, Андреј Јермак напиша на социјалните мрежи дека делегацијата на Украина се сретнала со советници за национална безбедност од Велика Британија, Франција и Германија.
Сојузниците се собраа околу Киев во обид да го ревидираат планот, кој се смета дека ја фаворизира Москва.
Пред состанокот, Трамп во неделата употреби долга онлајн објава за да ја критикува Украина за недостаток на благодарност за воената помош на САД, додека забележително се воздржа од критикување на Русија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека чека на исходот од разговорите.
Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и член на украинската делегација во Женева, напиша дека иако предлозите за мировниот план сè уште не се финализирани, тие вклучуваат „многу украински приоритети“.
Билјана Ставрова
