Вести Култура Македонија Топ вести

Тошева: Одржливата мода е дел од секоја моја приказна

Креативниот активизам, одржливата мода и циркуларната економија е дел од секоја нејзина приказна. ЏАН, архаичен збор што значи душа живот  е насловот на нејзиниот нов проект. Тошева со апел да надлежните институци да ги намалат царините за еколошките материјали, затоа што како што вели и самата во земјава е многу полесно да увезете отпад наспроти материјали со еколошки сертификати.

„Џан“-  хармоничен спој на културното наследство, внатрешната тишина  со современиот дизајн. Вака модната дизајнерка Ирина Тошева накусо ги опшува своите креации. Сето она што беше оставено на „забот на времето“ големите текстилни фабрики во Македонија кои се се уште репер за квалитет,  сега низ дел од нејзините креации ја пренесуваат пораката за одржливоста и циркуларноста во модата.

  • Инспирирана од ала турка периодот од 19 – от век, тоа била ориентална облека, но многу интересно дека била носена и од Македонците. Сите оние кои биле од повисоките слоеви од општеството соработувале со локалните занаетчии кои работеле многу рачно со срма, со најразлични гајтани и покажувала голема умешност на самите занаетчии. Одржливата мода си е дел од секоја моја приказна, материјалите се сите од природно потекло, оние кои не се од природно потекло се всушност „dead stock “ материјали, тоа се материјали од фабрики кои наместо да завршат на отпад се купуваат од одредени магацини кои ние ги откупуваме дизајнерите. Исто голем број материјали се волнени залихи од фабриката „Тетекс“, значи овие производи се 100% македонски затоа што и самите материјали, буквално се е локално- Ирина Тошева, модна дизајнерка.  

Радува фактот дека новите генерации модни дизајнери размислуваат за еколошките аспекти, сепак се соочуваат со одредени пречки кои се навистина контрадикторни, смета Тошева.

  • Младите модни дизајнери особено сега се отвораат и за пренамена или употреба, дали на стари облеки на стари материјали. Јас секогаш се трудам на најдам материјали со висок квалитет со одредени сертификати. Многу е тешко да се најде тоа локално, а кога нарачувам од надвор за жал царините се многу големи, затоа што нашата држава не ги препознава овие сертификати да даде некои мали олеснувања, додека ете отпад може слободно да се внесува, а еколошките материјали имаат големи царини. Имам разговарано со царинската управа, имам разговарано со поранешни пратеници, како тоа може да се направи за да се препознае. Значи сите овие материјали кои ги внесуваме имаат сертификат, дека се како што треба дека сите луѓе кои учествувале во нивното создавање биле фер платени, дека боите кои се користени се како што треба, нема да направат иритација на кожата, дека нема користени штетни пестициди ако се работи за памук или некој материјал кој што расте, но за жал сето тоа досега било неуспешно- Ирина Тошева, модна дизајнерка.

За креативниот активизам на Тошева говори и соработката со локалните занаетчии, везовите на жените од шивачката работилница во Казнено поправниот дом „Идризово“ која таа ја води речиси една година и соработката со Женскиот младински хор на МКЦ.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски

Sasko Dimovski

Наследникот на балансерот пред пратениците – Почна дебатата за Закон за соодветна и правична застапеност

Дејан Дејан

ЕСЧП: Оправдано поништените помилувањата на Иванов- биле без валидна законска основа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе