Вести Свет Топ вести

(Видео) Се наоѓаме под силен притисок од САД, направени сме од челик, но и најсилниот метал може да попушти – драматично обраќање на Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски попладнево се обрати до Украинците преку видеопорака во која предупреди дека земјата се наоѓа во една од најкритичните моменти од почетокот на војната. Говореше за исклучително силен политички и дипломатски притисок од САД, како и за тешките одлуки кои треба да ги донесе Киев во неделите што доаѓаат.

„Сега го проживуваме еден од најтешките моменти во нашата историја. Токму сега, Украина можеби мора да донесе исклучително тежок избор – или губење на достоинството или ризик од губење на клучен партнер. Или тежок план со 28 точки или исклучително остра зима, најсурова и натамошни ризици пред нас. Живот без слобода, достоинство и правда и да се биде присилен да се верува некому кој веќе двапати нè нападна. Тие ќе чекаат наш одговор. Притисокот врз Украина токму сега е меѓу најтешките некогаш“, порача Зеленски.

„Ќе се води конструктивна потрага за решение со Соединетите Американски Држави. Ќе изложам аргументи, ќе уверувам и понудам алтернативи, но на непријателот нема да му дадеме никакви поводи да каже дека Украина не е подготвена за мир“, нагласи украинскиот претседател.

„Ние, секако, сме направени од челик, но дури и најсилниот метал може на крај да попушти“, рече Зеленски.

„Мора да се прибереме, да дојдеме до себе, да престанеме со меѓусебни судири и токсични препирки. Државата мора да дејствува како единствена целина. Не смееме да загубиме од вид кој е нашиот вистински непријател“, порача Зеленски.

Тој се осврна и на почетокот на инвазијата.

„Тогаш не ја издадовме Украина, и сега нема да ја издадеме. Знам дека народот е со мене“, рече Зеленски.

„Наредната недела ќе биде тешка. Ќе има многу притисок – политички и информациски во обид да нè раздвојат и дестабилизираат“, потенцира Зеленски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Еден леб го фактурирале по 136 денари на студентски домови – Ацевски откри дел од извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Ацевски: Побаравме благородни метали за дентални услуги да бидат преземени од болницата во Прилеп и да се стават во депото на државата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе