Вести Свет Топ вести

Кој добива, а кој губи – 28-те точки од мировниот план на Трамп за крај на војната во Украина

Украинскиот пратеник Алексеј Гончаренко го објави мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за крај на војната меѓу Киев и Москва. Во него се наведува дека ќе биде потврден суверенитетот на Украина која ќе мора да се откаже од некои свои територии. Планот, кој го објави и руската приватна медиумска група РЦБ, предвидува дека Украина ќе внесе одредба во Уставот дека нема да биде членка на НАТО и оти ќе го задржи ненуклеарниот статус.

Во документот се наведува дека Крим, Доњецк и Луганск дефакто ќе бидат признати како руски територии додека во Херсон и во Запорожје ќе се „замрзне“ сегашната линија на фронтот и ќе биде забрането распоредување на НАТО трупи во Украина.

Ова се 28-те точки од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп кој беше доставен на властите во Киев:

  1. Суверенитетот на Украина ќе биде потврден
  2. Русија, Украина и Европската Унија ќе заклучат сеопфатен договор за ненапаѓање, а сите спорови во последните 30 години ќе се сметаат за решени
  3. Русија се обврзува дека нема да врши инвазии на соседните земји, а НАТО се обврзува дека нема да се шири во иднина
  4. САД ќе делуваат како како посредници во дијалогот меѓу Русија и НАТО за прашања за безбедноста и деескалација
  5. Украина ќе добие безбедносни гаранции
  6. Бројот на украинските вооружени сили ќе биде ограничен на 600.000 војници
  7. Украина во својот Устав ќе вгради одредба дека одбива да се придружи на НАТО, а слична одредба ќе вклучи и НАТО во својот документ
  8. НАТО нема да распореди трупи во Украина
  9. Европски борбени авиони ќе бидат стационирани во Полска
  10. Гаранции на САД: Соединетите Американски Држави ќе добијат надомест за давањето гаранции кои ќе ги повлече во случај Украина да ја нападне Русија. Ако Русија ја нападне Украина, санкциите ќе ѝ бидат вратени, а ќе се преипита и одлуката за признавање на територии. Ракетирање на Москва или на Санкт Петербург, без причина, ќе ја лишат Украина од гаранциите
  11. Украина има право на членство во Европската Унија и ќе добие преференцијален пристап до европскиот пазар
  12. Планот за обнова на Украина опфаќа: Фонд за развој на Украина за инвестиции во технологија и вештачка интелигенција, заедничка обнова и работа на гасната инфраструктура, реконструкција на оштетените подрачја и градови, развој на инфраструктурата и посебен пакет на Светската банка
  13. Русија ќе биде реинтегрирана во глобалната економија, а санкциите ќе се укинуваат по фази. САД и Русија ќе потпишат долгорочен договор за економска соработка, а Русија ќе биде повикана да се врати во групата Г8
  14. Замрзнатиот имот – 100 милијарди долари руски средства ќе бидат искористени за обнова на Украина, САД ќе добијат 50 проценти од профитот, а Европа ќе додаде уште 100 милијарди долари
  15. Преостанатите руски замрзнати средства ќе бидат насочени во американско-руски инвестициски фонд и ќе биде формирана американско-руска работна група за почитување на договорот
  16. Русија ќе ја засили својата политика за ненапаѓање на Европа и на Украина
  17. САД и Русија ќе ги продолжат договорите за контрола на нуклеарното вооружување, вклучувајќи и СТАРТ 1
  18. Украина го потврдува својот статус на драва без нуклеарно оружје
  19. Нуклеарната електрана Запорожје ќе продолжи со работа под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), со тоа што производството ќе биде поделено 50:50 меѓу Русија и Украина
  20. Двете земји ќе спроведат програми за толеранција – Украина ќе усвои норми на Европската Унија за заштита на малцинствата, двете страни ќе укинат дискриминаторски мерки, а нацистичката идеологија ќе биде забранета
  21. Териториите – Крим, Доњецк и Луганск ќе бидат дефакто признати како руски, а ќе ги признаат САД. Во Херсон и во Запорожје, линијата на фронтот ќе се замрзне долж линијата на контакт. Русија се одрекува од други територии, надвор од тие пет региони. Украина ќе ги повлече своите сили од делот во областа Доњецк и таа територија ќе стане демилитаризирана тампон-зона
  22. Ниту Украина, ниту Русија ќе ги менуваат територијалните договори со сила
  23. Русија нема да го попречува користењето на Дњепар и извозот на жито преку Црното Море
  24. Хуманитарен дел – размена сите за сите, враќање на цивилните притвореници и деца, програма за повторно обединување на семејства, мерки за помош на жртвите во војната
  25. Украина ќе одржи избори за 100 дена
  26. Сите страни ќе добијат амнестија и ќе се одредат идните побарувања
  27. Договорот ќе биде правно обврзувачки, а ќе го надгледува Мироввен совет на чело со Доналд Трамп
  28. По потпишување на договорот, прекинот на огнот ќе стапи на сила веднаш

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Еден леб го фактурирале по 136 денари на студентски домови – Ацевски откри дел од извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе