Вести Свет Топ вести

Истрага во Велика Британија: Ако владата на Борис Џонсон воведеше карантин една недела порано, можеа да се избегнат 23.000 смртни случаи на ковид-19

Околу 23.000 смртни случаи можеле да се избегнат во Англија, доколку првиот карантин на почетокот на пандемијата на коронавирус бил воведен порано, се вели во наодите од истрагата објавена денеска.

„И покрај ширењето на вирусот низ целиот свет, британската влада, тогаш предводена од конзервативниот премиер Борис Џонсон, ја сфати сериозноста на ситуацијата предоцна“, покажуваат наодите.

„Овој недостаток на итност и огромното зголемување на инфекциите го направија задолжителниот карантин неизбежен. Требаше да се воведе една недела порано. Резултатите покажуваат дека само во Англија ќе имало приближно 23.000 помалку смртни случаи за време на првиот бран на пандемијата, до јули 2020 година“, се истакнува во извештајот.

Задолжителниот карантин беше воведен на 23 март во Обединетото Кралство, три месеци по почетокот на епидемијата што започна во Кина и се прошири низ целиот свет. Велика Британија регистрираше 226.000 смртни случаи, еден од највисоките во Европа поврзан со пандемијата на коронавирус.

Извештајот укажува на одговорноста на тогашната влада, која на почетокот на 2020 година беше оценета како премногу „оптимистичка“ во врска со ширењето на вирусот. Се додава дека ставот на самиот Борис Џонсон, премиер од 2019 до 2022 година, „ја поткопал сериозната порака што требало да ја пренесе на јавноста“.

Февруари 2020 година бил „изгубен месец“ и недостатокот на одговор од страна на владата бил „неоправдан“, се наведува во истрагата.

Се додава дека „токсичната и хаотична“ култура на однесување на Даунинг стрит на почетокот на пандемијата го попречила „интелигентното донесување одлуки“.

Забавите во резиденцијата на премиерот, наречени „партигејт“, кои подоцна придонесоа за падот на Борис Џонсон, „ја поткопаа довербата на јавноста во официјалните одлуки“ и го зголемија ризикот Британците да престанат да се придржуваат кон карантинот, се вели во наодот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе