Вести Македонија Топ вести

Забрана за фрлање ѓубре од 22 часот навечер до 6 часот наутро, одлучи Град Скопје – глоба од 50 евра за секој кој ќе ја прекрши забраната

Град Скопје изгласа забрана за фрлање ѓубре од 22 часот навечер до 6 часот наутро. Одлуката е донесена на денешната седница на советот, со мнозинство гласови, без советниците на Левица и за секој што не ја почитува, се предвидени казни. Образложението е да спречи создавање диви депонии околу контејнерите.

Од Градот објаснуваат дека со оваа мерка се дава правен основ на инспекторите и комуналните редари да санкционираат физички и правни лица кои нема да го почитуваат дозволениот термин за одлагање отпад.

Претседателот на советот, Даме Димитровски при расправата го спореди Скопје со два големи града.

„Во Истанбул имаше само 15 минути дозволено време за фрлање ѓубре рано наутро. Во Токио секој вид отпад има точно утврден термин за собирање. Верувам дека кога ќе воведеме и корпи за селекција, системот ќе биде уште поефикасен“, рече Димитровски.

Но, мерката наиде и на силна критика. Советничката на Левица, Катерина Јовановска, ја оцени како скандалозна.

„Не може вината за нефункционалноста на комуналното претпријатие да се префрла врз граѓаните. Ограничувањето кога смеат да фрлаат ѓубре, па уште и со казни, е невиден скандал“, рече Јовановска.

Покрај забраната за фрлање ѓубре, советниците изгласаа и ребаланс на буџетот со 37 гласа „за“, еден „против“ и еден „воздржан“.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Има 112 далекуводи, за 59 нема имотни листови, трафостаници во заедничка сопственост со ЕВН – ревизорски извештај за МЕПСО

Sasko Dimovski

Нетанјаху: Во ниту еден момент не сум побарал дозвола од Трамп да го нападнам Иран

Sasko Dimovski

„Обвинителството мора да реагира за Јанушев, Законот предвидува и до 5 години затвор“, велат од СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе