Вести Македонија Топ вести

Камбовски: Уверен сум во квалитетно судење за „Пулс“ и одлука која ќе нѝ каже што точно се случило и кој точно е одговорен

Сигурен сум и уверен сум дека судството ќе одговори како што треба во процесот за дискотеката „Пулс“ во Кочани, вели Александар Камбовски, претседател на Судски совет, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Ќе биде на висина на задачата. Се вложуваат максимални напори да се обезбедат минимално пристојни услови, бидејќи, како што знаете, таму ќе учествуваат голем бројна на странки, голем број на обвинети, обвинители, бранители, имаме голем број на оштетени лица, нивни полномошници кои исто така се адвокати. Се прават максимални напори да се обезбедат тие услови, но исто така апелирам и до судиите кои што ќе постапуваат во овој предмет, постапката да ја водат професионално, храбро, да не дозволуваат одолговлекување на истата, да не дозволуваат злоупотреба на правата кои што ги дава законот за кривична постапка. Се надевам дека ќе добиеме едно квалитетно судење кое на крајот ќе резултира со една судска одлука која што ќе нѝ каже што точно се случило и кој точно е одговорен за тоа што се случило“, изјави Камбовски.

Во судењето за пожарот во дискотеката „Пулс’“ во кој животот го загубија 63-ца луѓе, а околу 200 беа повредени, се предвидени по две рочишта неделно, а првото е закажано за 19 ноември.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Има 112 далекуводи, за 59 нема имотни листови, трафостаници во заедничка сопственост со ЕВН – ревизорски извештај за МЕПСО

Sasko Dimovski

Нетанјаху: Во ниту еден момент не сум побарал дозвола од Трамп да го нападнам Иран

Sasko Dimovski

„Обвинителството мора да реагира за Јанушев, Законот предвидува и до 5 години затвор“, велат од СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе