Вести Македонија Топ вести

Зградата на спорната парцела е празна, Беџети тврди дека се е легално и дека е политичка пресметка

Оваа зграда без станари и со оглас за продажба на становите се наоѓаат на спорната парцела поради која поранешниот градоначалник на Сарај Блерим Беџети доби кривична пријава од финансиската полиција. Телма вчера разговараше со сопственикот на фирмата изведувач Азра Идризи, и тој тврдеше дека се е легално од негова страна.

За становите има имотен лист и покрај тоа што сега парцелата на која се наоѓа зградата е предмет на истрага поради тоа што финансиската полиција смета дека е изградена пред да има деталниот урбанистички план а тој се стекнал со имотна корист од 1,7 милиони евра.

Фирмата изведувач не е во кривичната пријава, а од обвинителството за телма велат дека е прерано да се зборува во која насока ќе оди случајот.

Телма вчера објави дека истата фирма се занимава со откуп и складирање на отпад, а дека сопственик е Идриз Имери чии телефонски број се наоѓа на огласот за продажба на становите. За првоосомничениот Беџети е нормално да се знае со сопственикот на фирмата.

Беџети е осомничен заедно со уште седдумина вработени во Општина Сарај и Град Скопје дека и покрај тоа што знаеле дека нема донесено ДУП за парцелата изготвиле и одобриле извод од план и одобрение за градба со невистинита содржина, како и пресметки за надоместок за уредување на градежно земјиште, а надзорот извршил технички преглед на објектот и изготвил завршен извештај со невистинита содржина. Беџети пак тврди дека ова е политичка пресметка против него а дека ДУП имало донесено одамна.

Инаку меѓу осомничените во кривичната пријава се наоѓа и службеничката од Град Скопје во чиј дом пред 5 месеци беше извршен претрес од финансиска полиција. За ова објави тогашната градоначалничка Данела Арсовска а упадот во домот на раководителката на секторот за урбанизам го протолкува како реваншзам за нејзината борба против дивоградбите во Чаир. Тогаш на Арсовска од ВРЕДИ пак и посочија дека има дивоградби и во Сарајр, а дека одработува за ДУИ и за Беџети и Османи. Сега Беџети се закани со контра пријава за двајцата директори на финансиската полиција и за уште двајца вработени таму.

Билјана Николовска

(видео)Беџети: Кривичната е политички монтирана хајка со цел премиерот да го зголеми парламентарното мнозинство

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди северниот дел на Јапонија

Sasko Dimovski

ЕУ го одобри трговскиот договор со САД за царините

Sasko Dimovski

Има 112 далекуводи, за 59 нема имотни листови, трафостаници во заедничка сопственост со ЕВН – ревизорски извештај за МЕПСО

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе