Вести Македонија Топ вести

Трошоците на семејствата со лица со попреченост повисоки за 60% во однос на семејствата со типичен развој

Буџетот за лицата со попреченост за оваа, но и за следната година ќе биде скратен за 196 милиони евра, а трошоците за живот на семејствата со лица со попреченост се повисоки за 60%, во однос на оние што ги имаат семејствата со членови со типичен развој. Ова го кажаа од Коалицијата Менуваме на денешната презентација на извештајот, пред Собранието.

  • Овој извештај Коалицијата Менуваме го изработи со цел да му помогнеме , посебно на Министерството за социјална политика, со кое како Коалиција сме сведоци дека е намален буџетот за многу големи средства од 196 милиони евра, од социјалните права, вели Суарет Алишан, координатор на Коалиција Менуваме.

Од Коалицијата ја направиле математиката според пресметките на минималната синдикална кошница за октомври од страна на ССМ, според која трошоците за четиричлено семејство изнесуваат 65.000 денари. Од Коалицијата бројот на членовите на едно семејство со лица со попреченост го зголемиле на 5 , со што се зголемува основната вредност за 25%.

Па, висината на минималната синдикална кошница на ССМ ја помножиле со 1,25 и ја добиле вредноста од 81.000 денари. Ако на таа сума се додадат уште 23.000 денари, како што стои во извештајот, за дополнителни трошоци за медицински помагала, транспорт, за лице за нега и за комунални услуги, сумата се зголемува до 104.000 денари.

Ако заокружиме на 100.000 денари и помножиме по 12, излегува дека на годишно ниво едно петчлено семејство со лица со попреченост има трошоци од 1.200.000 денари или околу 19.500 евра.

  • Извештајот сѐ што до сега беше скриено под тепихот го детектира , го илустрира и укажува дека тоа не е добро. А, ние како организација ги имаме решенијата и можеме да го решиме проблемот, доколку државата биде кохезивна да соработува, вели Алишан.

Од Министерството за социјална политика велат дека го уважуваат напорот на Коалицијата Менуваме да укаже на предизвиците со кои се соочуваат семејствата на лицата со попреченост. Но, нивната пресметка не претставува официјален државен индикатор. Конечните решенија зависат од буџетската рамка и меѓуресорските анализи. Во пракса, износот на паричните права не се врзува директно за синдикалната кошничка, туку за законските решенија, фискалната рамка, социјалната политика, официјалните статистички податоци и анализи, како и процените за степенот на потребната поддршка, додаваат од ресорното министерство.

Сотир Трајков

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди северниот дел на Јапонија

Sasko Dimovski

ЕУ го одобри трговскиот договор со САД за царините

Sasko Dimovski

Има 112 далекуводи, за 59 нема имотни листови, трафостаници во заедничка сопственост со ЕВН – ревизорски извештај за МЕПСО

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе