Вести Македонија

Прегазено 11-годишно девојче во Скопје – возачот избегал

11-годишно девојче од Скопје синоќа било прегазено на улицата „Перо Наков“ во Гази Баба. Возачот избегал, а девојчето со тешки телесни повреди е префрлено на скопските клиники. Полицијата се уште трага по возачот.

  • „На 28.10.2025 во 20:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Перо Наков“ во Скопје, патничко возило удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Две млади срнички пресретнати на Шар планина – препорака при ваква средба не го допирајте животното

Дејан Дејан

Како ќе изгледа реконстрираниот владин кабинет – смени во поголем дел од министерствата

Дејан Дејан

Како што носите телефон со вас, земете и шише со вода – од Брзата помош со препораки до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе