Германските власти, во соработка со бразилската полиција, затворија две платоформи на Даркнет кои содржеа материјали со детска порнографија, соопшти полицијата. Германските медиуми пренесуваатдека станува збор за страниците Videos Sebick и Videos Yad.
„На две платформи имаше повеќе од 350.000 корисници, а во базата на податоци се наоѓаа над 21.000 видеа со детска порнографија“, информира Центарот за борба против детска порнографија и злоставување на интернет со седиште во Бамберг.
Страницата беше блокирана во септември докога биле забележани, речиси, милион прегледи.
Во Германија се наоѓале серверите на двете платформи со кои управувал државјанин на Перу кој е уапсен пред неколку денови во Бразил. Содржините биле бесплатни за корисниците кои имале и опција за претплата од 0,0001 биткоин, односно 95 евра месечно.
