Ги ослободивме институциите, знаевме како се користеа во Валандово, и знаевме под каков притисок беа и стопанството и бизнис секторот. Тоа во моментот не се случува, рече Перо Костадинов, кандидат за градоначалник на Валандово од коалицијата предводена од СДСМ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Во Валандово се живее слободно и се живее апсолутно демократски. Инвестициите што ги имаме во сите сфери и носењето на сите стратешки документи и урбанистички планови можат да ги видат граѓаните. За првпат во Валандово се гради зграда, за првпат се подготвени толку многу индустриски зони“, вели Костадинов.
Колапсот на валандовската економија, додаде тој, „беше претходно и знаевме на кој начин се третираа бизнис субјектите“.
С.Д.
