Димитриевски го потсети Стојковски за дел од системот како и за согласноста за градба во Куманово за „фамозните згради“ на локацијата кај поранешните цвеќари – „Се сеќавате ли кој издаде дозвола на Серава да се постават темели за градба? Вие од позиција на директор. Сега се правите Јованка Орлеанка дека немате одговорност, многу повеќе се знае и за сето тоа има документи“, додава Димитриевски.
За Горан Стојковски Диро е апсурдно, но не и неразбирливо и нелогично однесување кон луѓето кои се обидуваат и сакаат да направат нешто сами, според него урбана и комунална мафија не може да постои без власт. Тој му возврати на Димитриевски дека работата на секторот за урбанизам и комисијата за урбанизам. Стојковски објасни дека секторот за урбанизам ги издава одобренијата и решенијата, додека комисијата за урбанизам е таа што урбанистички го обликува градот, а од таа комисија тој негира дека е.
Т.Д.
