Според Горан Стојковски – Диро независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово одлучувачки фактор е неизлегувањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат. Стојковски очекува поддршка од сите граѓани, а досега тој ја добил од партијата ДОМ, ЛДП, Левица, а очекува да го поддржат и други без разлика на етничката припадност, како и луѓе од ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ.
Кандидатот Стојковски за неговата програма вели дека се базира на потребите на граѓаните. Од шест столба, три основни компоненти се чистење на градот од смет, безбедно Куманово и решавање на урбаниот хаос.
„За чистење на градот од смет трнуваме прво со анализа на дивите депонии и утврдување на места каде ќе биде одложен градежниот шут, комплетна анализа на комуналното претпријатие“, објаснува Стојковски.
„Нема да ве прашам кој е Херберт Маркузе не сакам да ве ставам во непријатна ситуација“ му рече Горан Стојковски Диро на Максим Димитриевски во Топ Тема, на што Димитриевски му одговори дека Стојковски му верува најмногу на Емануел Кант и дека субјективната објективност ја гледа како објективна стварност.
Т.Д.
