Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски кој оди во вториот круг на локалните избори доби посветена песна во знак на благодарност за досегашната работа во кумановската населба Средорек.
Во краткото интервју за медиумот „360 степени“ авторот и композиторот раскажуваат како била создадена песната, но и дека очекуваат таа да стигне далеку. Автор на текстот е Менсур Капетан, додека зад музиката и аранжманот се потпишува Ѓунеш Билали.
На прашањето дали песната е нарачана од ЗНАМ или лично од Максим Димитриевски, тие велат дека сами дошле до идејата во нивното студио, а дополнително образложија и дека ги поттикнало поради тоа што Димитриевски има направено многу за ромската заедница.
Песна е на ромски јазик, со елементи на македонскиот, таа набргу стана хит на скоро сите социјални мрежи, каде луѓето коментираат и прават кратки исечоци од неа.
Т.Д.
Извор на фотографија: Социјални мрежи
