Младите научници од десет универзитети во Еквадор ги претставија своите проекти фокусирани
на вештачка интелигенција, роботика и напредни алгоритми. Многу проекти се однесуваат на
нови здравствени и медицински услуги и помагала.
Еден од пронајдоци кој е развиен за 10 месеци на студентскиот кампус Латакунга е наречен „Фантомски екстремитет“ (види слика). Станува збор за роботски систем за рехабилитација и ублажување на болка кај луѓе кои останале без раце или нозе.
Системот користи виртуелна реалност за ублажување на болката од таканаречен „фантомски екстремитет“, состојба која ги погодува луѓето со ампутации и кои чувствуваат болка или сензации на местото на ампутираниот екстремитет. Пациентите визуелизираат виртуелен екстремитет со специјални очила за зголемена реалност и сензори поради што чувството на болка се намалува.
Дел од пациентите со ампутации за првпат користеле очила или VR опрема при што им била подобрена психолошката состојба, велат младите научници кои го развиле проектот.
View this post on Instagram
