Уставен и денеска не пресече дали ќе ја оценува уставноста на злоупотреба на службена положба конретно ставот кој се однесува на функционерите и тендерите. Одлуката ќе ја носат по избори односно на есен. Евентуалното укинувањето на одредбите би значело застарување и спас за многу обвинети поранешни функционери особено 10ците обвинети во предметите на СЈО по овој член (353 став 5). Оваа иницијатива која адвокатот Еленко Миланов ја поднесе уште во септември 2018 а уставен ја дневен ред прв пат ја стави во март 2019, ја преживеа и денешната седница. Со 6 наспроти два гласа судиите изгласаа д има подготвителна седница и да повикаат експерти .
Дел од судиите беа против подготвителна седница за да нема ново одложување други пак со став- Ако се чекало до сега може да се почека уште малку. Судијата известител предложил, да не се поведе постапка за иницијативата а и дел од судиите јавно се декларираа дека ако се гласа денеска ќе бидат против.
- Го поддржувам предлогот да има подготвителна седница со експерти за да може судот професионално да донесе одлука. И за помалку битни предмети одлучивме да има подговтвителна седница, треба и за овој предмет, рече Јован Јосифовски, уставен судија.
- Ова е стар предмет, чувствствителна проблематика, и поради правна сигурност, судот треба благовремено да реагира и да донесе одлука. Реферат има предлог е даден и нема спорни прашања за да бараме помош од колегите правници. Предметот е печен за одлука, истакна Осман Кадриу, уставен судија.
- На седницата претходно имавме спротивставени ставови. Нема зијан да ги слушнеме и ставовите на науката и струката за оваа проблематика, рече Дарко Костадиновски, уставен судија.
Адвокатот Миланов кој брани повеќе обвинети од СЈО вели ако го повикаат на подготвителната седница ќе образложи зошто ја поднел иницијативата.
Миланов ги оспори измените на кривчниот законот од 2004 со кој се воведува ставот 5 во членот за злоупотреба на службената положба но и измените од 2009 со кои се зголемува затворската казна од 4 на минимум 5 години затвор. Колку законските казни се пониски толку побрзо застаруваат кривичните дела.
Елена Ивановска Мукоска