Вести Магазин Македонија Наука и здравје

(фото)Истрчани 465 км на шестдневна трка – победничка од Македонија

На трката на себенадминување во Њујорк која се организира од 1998 година во Флашинг Медоус паркот, а во организација на Шри Чинмој Маратон тим, оваа година имаше претставничка од Битола.

Овој настан е првата трка на ултра дистанци организирана од Шри Чинмој Маратон тимот во Њујорк во светски рамки. Тркачите имаат избор од 6 и 10 дена, а оваа година за прв се одржа и трката на 3 дена.

Мона Мајковска од Битола имаше одличен настап на својата прва повеќедневна трка со истрчани 464 километри, кои што и го донесоа првото место.

Трката на 6 дена се одржа од 23 до 29 април оваа година со убави сочеви денови но и со дождливи и ветровити денови кои ги тестираа тркачите и нивните способности, внатрешни и надворешни. 

Основач на трката е Шри Чинмој кој редовно ја посетуваше додека живееше во Њујорк. Шри Чинмој чувствуваше дека аспектот на себенадминување е многу важен во ултра трките, доаѓа момент во трката кога физичката способност го достигнува својот лимит. За да продолжи понатаму тркачот мора да се потпре на својата внатрешна решителност и да се нурне во својата бесконечна духовна сила која ја има во секој од нас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оваа земја е домот на слободата, порача Трамп во говорот за одбележување на 250 годишнината од основањето на САД

Дејан Дејан

Спасувачките екипи во Венецуела сѐ уште ги пребаруваат урнатините и 10 денови по двата разорни земјотреси

Дејан Дејан

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе