Вести Економија Топ вести

Од петок аптеките, маркетите, салоните за мебел за бела техника ќе треба јавно да ги објават цените на производите

Од петок трговците од малопродажба ќе треба јавно да ги објават цените на производите. Сите поголеми маркети, аптеки, салони за бела техника, за мебел, објекти за продажба на градежни материјали ќе мора јавно да ги објават цените на своите производи. Ако се направи ненамерна грешка во тој случај ќе имаат можност 24 часа да ја корегираат.

Надлежните се надеваат дека сите трговци во малопродажбата се подготвени и во петок нема да имаат проблеми да го сдторат ова.  За оние кои нема да го почитуваат,  пропишани се глоби кои достигнуваат и до 10 илјади евра.

Ова не важи за сите микро трговци кои имаат до 10 вработени.

Инаку, на крајот од месецов истекува мерката ограничени маржи. Дали ќе има продолжување или не ќе зависи од бројките на инфлацијата за која од министерството за економија сметаат дека е стабилизирана.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Доларот во пад додека реципрочните царини меѓу Кина и САД без епилог

Дејан Дејан

„Јон Вардар против галаксијата“ премиерно прикажан во Москва

Дејан Дејан

Најмалку 90 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 48 часа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе