Вести Економија Топ вести

ЕСМ пред потпишувањe на првиот поголем договор, фирмата Топлина понуди за 23 милиони евра да го копа јагленот за РЕК

Ископ на јаглен, РЕК Битола

Топлина Подмоље е избрана за најповолен понудувач за ископ на јаглен за потребите на РЕК Битола за производство на струја.  На повикот се пријавиле две фирми. Иако,  договорот со компанијата се уште не е потпишан, се поизвесно е дека Топлина ќе го копаат јагленот и јаловината во рудникот Брод-Гнеотино

Понудената цена за ископан јаглен изнесува  49,85 денари за гигаџул, а за ископан кубен метар јаловина 214 денари. Вкупната финансиска рамка изнесува 1,44 милијарди денари за период од 12 месеци, се вели во одговорот од ЕСМ

По овие бројки може да се види дека сумата по која Топлина би го копала јагленот и јаловината е приближно иста со онаа во нивниот привремен договор. Тие беа времено ангажирани да вршат ископ додека да се најде подолгорочна замена за компанијата Марковски.

Избраниот економски оператор ќе работи според потребите на РЕК Битола. Станува збор за ангажман за период од една година.

Во период кога изведувачот нема да биде ангажиран, АД ЕСМ нема да има финансиски импликации, велат од ЕСМ 

Како свои подизведувачи компанијата Топлина пријавила четири фирми:

Гранит Скопје

Градба Промет – Кавадарци

Илинден – Струга

Топ Билд – Скопје

Како техничка поддршка пак две компании, Форса АС од Скопје и Машинокоп од Кавадарци.

ЕСМ подолг период бара замена за Марковски кои пак копаа јаглен за време на претходната влада. Но, со доаѓањето на новото раководство во РЕК Битола, договорот со нив беше раскинат поради непочитување на обврските.

Претходниот повик пропадна затоа што ниту една од пријавените фирми не ги исполнувала до крај условите кои се барале. Па така Топлина времено беше ангажирана.

Исто така, Топлина заедно со уште две струмички фирми – СИМ Инженеринг и Јавор Транс,  кои се поврзуваа со луѓе блиски до семејството на поранешниот премиер Заев, беа подизведувачи на Марковски.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на цените на јајцата во ЕУ 

Дејан Дејан

Според истражување во Србија 70 отсто од испитаници не гледаат решение во власта и опозицијата

Дејан Дејан

Зеленски најави привремен чекор кон договор за суровини со САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе