ДА СИ КАЖЕМЕ – разговор со Ивица Челиковиќ, новинар, публицист од Гетеборг.
Слична трагедија налик на нашата во Кочани, во 1998 се случи во Гетеборг, Шведска. Во пожар во дискотека загинаа 63 млади луѓе, главно мигранти. Оттогаш сегрегацијата, криминалот и социјалните разлики во Шведска сè уште повеќе продлабочени.
Општествениот развој кој се заговараше, едно општество за сите, не се движи кон посакуваната насока. Какви поуки може да се извлечат? Еве дел од разговорот со публицистот Ивица Челиковиќ од Гетеборг.